Индустриското производство во првите четири месеци зголемено за 1,8 проценти

Bez autora
Jun 01 2025

Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април лани бележи раст од 1.8 проценти.

Во април годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2024, индустриското производство е зголемено за 1.4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен, индустриското производствово бележи опаѓање од 1.2  проценти, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2.5 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 18.3 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во април 2025 година, во однос на април 2024, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, додека опаѓање има кај Енергија за 16.2 проценти, Капитални производи за 6 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 процент.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik